Премиерлигата отвори случај против Евертон за прекршувае на правилата за финансиски ферплеј (ФФП) минатата сезона. По истрагата на независната комисија, Евертон пријавиле вкупни загуби од 371.8 милиони фунти, период во кој според правилата на англиската лига им бил дозволена загуба од 105 милиони фунти.
Според „Гардијан“, Премиерлигата ја почнала истрагата по барање на извршниот директор на Лидс јунајтед, Ангус Кинир и претседателот на Барнли, Алан Пејс минатата сезонаа. По ова следуваше 10-месечна истрага, а сега на Евертон, кои и така се вклучени во борба за опстанок им се заканува финансиска казна, но и можно одземање на поени.