Ѕвездата на Арсенал и на украинската репрезентација, Олександер Зинченко вели дека воопшто не може да го изговори името на Русија по 13-месечната војна во Украина, и покрај тоа што дел од својата кариера играше токму во Руската Премиерлига.
„Не сакам ниту да им го изговорам името. Само ќе кажам ‘терористичка земја’. Не сакам да зборувам за нив. Воопшто“, вели Зинченко во интервју за „Дејли мејл“.
26-годишниот Зинченко во 2014 година заедно со својата мајка се пресели токму во Русија по војната во Донбас, раскинувајќи го договорот со Шахтјор Доњецк, каде што беше од својата 11-та година. Следните пет-шест месеци тој играше фудбал за повеќе аматерски клубови во Москва, пред во февруари 2015 година да потпише со прволигашот Уфа. Само година и пол подоцна, во јули 2016 година, Манчестер сити го купија од Уфа, за минатата сезона да направи трансфер во Арсенал.
„Благодарен сум за тоа што го направија Уфа за мене. Но, по терористичката инвазија, не сакаам да имам никакви сеќавања од тоа време. Не сакам да слушнам ништо за таа земја. Зошто? Бидејќи секој ден Украинците умираат поради нив, поради нивните бомби. Нема човек во Украина кој не загубил нешто. Војната влијаеше на сите нас и нашите умови се целосно сменети од тој момент. За жал, дел од нас почнаа да се навикнуваат. Уште не ја губиме надежта дека во иднината ќе биде подобро“, додава Зинченко.