Утрински Весник
Свет

Во Франција кога протестите ќе се смират: кралот Чарлс Трети ја откажа посетата на Макрон

Во Франција кога протестите ќе се смират: кралот Чарлс Трети ја откажа посетата на Макрон

Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција е одложена откога француските синдикати повикаа на штрајкови и протести за време на неговиот престој, соопшти денеска Елисејската палата.

dobivaj vesti na viber

Кралот Чарлс в недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх. Предвидено беше посетата да трае три дена.

Со оглед на вчерашната најава за национални протести против реформите на пензискиот систем, кои треба да се организираат во вторник, посетата на кралот Чарлс, закажана од 26 до 29 март, ќе биде одложена, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

Можете да прочитате

Мелони: Европа мора да се договори за единствен претставник во преговорите за Украина

Во Полска уапсена група осомничена за продажба на делови за оружје на Русија

Масовни протести и генерален штрајк во Франција со барање за значително зголемување на минималната плата