Утрински Весник
Свет

(Видео) Поранешниот сопруг ја избол, ја заклучил и ја оставил да умре – Жената тајно повикала полиција

(Видео) Поранешниот сопруг ја избол, ја заклучил и ја оставил да умре – Жената тајно повикала полиција

Полицијата во Велика Британија објави видео од спасувањето на жената која била избодена 29 пати од нејзиниот поранешен партнер.

dobivaj vesti na viber

54-годишната Мартина Тарнер се здобила со тешки повреди кои и оставиле трајни лузни.

Во болницата и биле констатирани убодни рани, крварење на срцето, две скршени ребра и изгореница на ногата.

Мартина, чиј прекар е Тина, успеала да го преживее нападот, иако се здобила со многу тешки повреди.

Повредите и ги нанел поранешниот партнер Стивен кој откако ја малтретирал ја заклучил во куќата, а потоа скокнал од мостот во реката.

Во меѓувреме полицијата објави видео од спасувањето на жената. На видеото се гледа како полицајците со ламба го кршат прозорецот во кујната, преку кој потоа влегле внатре и ја спасиле жената од сигурна смрт.

Ја пронашле жената како се крие во плакар облеана во сопствената крв.

Стивен, кој вообичаено боледувал од биполарно растројство, збеснал кога му рекла дека ќе ја напушти нејзината куќа, пишува „Daily Mail“.

Во напад на бес извадил нож од нејзината кујна и ја пробол со него. Стивен потоа зел уште еден нож и продолжил да ја боде Мартина иако таа го молела да престане.

„Морам да престанам, не сакам да одам во затвор поради тебе“, ѝ рекол тој.

Потоа му се јавил на синот и му рекол дека направил нешто многу лошо.

Додека разговарал со својот син, жената ја искористила приликата да повика помош. Кога го завршил разговорот, излегол од нејзината куќа и ја заклучил вратата.

Потоа возел до блискиот мост од каде скокнал во реката, но бил спасен од речната полиција.

Полицијата веднаш ја пренела Тина во болница со повреди опасни по живот.

Стивен бил уапсен веднаш штом го извлекле од водата, и е осуден на доживотен затвор. Тој ќе мора да одлежи минимум 12 години пред да може да поднесе барање за условно ослободување.

„Премногу животи се уништени од семејното насилство. Секоја жртва ќе мора да живее со траумата до крајот на својот живот. Овој напад засекогаш ми го промени животот. Мило ми е што можам да продолжам да закрепнувам. Продолжувам да се борам за другите жртви да стигнат до правдата, за она што не им е направено“, рече Тина.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата