Утрински Весник
Спорт

Менаџерот на Модриќ преговара со Ал Наср

Менаџерот на Модриќ преговара со Ал Наср
Dik 300x250 mk

Фудбалскиот клуб Ал Наср стана глобално популарен кога успеа да го обезбеди потписот на Кристијано Роналдо. За две и пол години Роналдо во Саудиска Арабија ќе заработи речиси 500.000.000 евра. Откако го донесе Роналдо, Ал Наср сега има намера да го обезбеди потписот на уште една голема светска ѕвезда, Лука Модриќ.

dobivaj vesti na viber

„Се е потврдено. До крајот на месецот, најверојатно на последниот ден од март, раководството на Ал Наср и менаџерот на Модриќ ќе се сретнат во Ријад. Саудискиот клуб ќе излезе со конкретна понуда за Хрватот на тој состанок“, напиша на твитер италијанскиот новинар, Руди Галети.

Договорот на Модриќ со Реал истекува за три месеци и засега нема индиции дека тој ќе остане во клубот. Се шпекулира дека Реал се двоуми дали да му понуди нов договор поради две причини: лошите игри на Модриќ во последно време и фактот дека на лето ќе наполни 38 години.

Изминативе денови сигурни извори пишуваат дека прв избор на Модриќ е Реал, но и дека фудбалерот има одлични понуди од Саудиска Арабија и Катар.

Доколку Модриќ потпише за Ал Наср, таму соиграч би му бил Кристијано Роналдо, со кого додека играше за Реал освои една шпанска и четири европски титули.

Можете да прочитате

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика