Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш го предизвика гневот на француската јавност откако неговото интервју за француската телевизија каде ја бранеше својата визија за пензиските реформи предизвика бран на насилство на улиците низ Франција што донесе милиони Французи на улиците.
За време на интервјуто, во француската јавност падна еден детал кој веднаш беше објавен на социјалните мрежи, а тоа е моментот кој некои го нарекоа бизарен, каде Макрон, зборувајќи за оние кои примаат социјална помош и ја злоупотребуваат, сосема несвесно ја подигна својота рака и го покажа часовникот за кој некои тврдат дека чини 80.000 евра.
C’est finalement l’image de cette interview #Macron13h :
Au moment de parler des “smicards” qui n’ont “jamais autant gagné de pouvoir d’achat”, il retire discrètement sa jolie montre de luxe, sous la table.
Cet homme est une farce. #Greve23mars pic.twitter.com/DvhreQ0S3n
— Clémence Guetté (@Clemence_Guette) March 23, 2023
На видеото може да се види дека Макрон ненадејно ја спупта раката под маса среде полемиката, а се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види камерата, а потоа ја продолжува расправијата, само овој пат без часовникот на раката.
Macron while asking for sacrifices from the French people realizes he is wearing a € 80,000 watch and like a magician makes it disappear under the table. Unworthy. pic.twitter.com/zRiQWFAR1M
— RadioGenova (@RadioGenova) March 24, 2023
Оваа постапка на Макрон предизвика гнев кај Французите, со оглед на тоа што тој за тоа зборува како жртва за францускиот народ и носи часовник од 80.000 евра.
Сè се случуваше додека демонстрантите го палеа градското собрание во Бордо во четвртокот вечерта, а полицијата фрлаше солзавец на улиците низ Франција.