Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

Не се точни наводите од ВМРО-ДПМНЕ дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени во Собранието, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Опозицијата велеше во јануари дека до средината на февруари ќе имаат 61 пратеник во Собранието и оти реконструкцијата што јас ќе ја поднесам нема да помине. Сите се уверивме дека таа реконструкција помина со зголемено парламентарно мнозинство, кое сега е 65 пратеници. Тоа што го кажува опозицијата нема никаква реална основа. Тоа е само одговор на промашените тези што ги имаа, кои ги кажав и немајќи сега што да кажат, велат дека сега има други пратеници и тоа не е точно“, потенцира Ковачевски.

Овој процес не може да биде процес на уцени, не може да биде процес на дневна политика, туку процес на широк општествен политички консензус, кој нема да биде предмет на дневни прес-конференции, вели премиерот.

Според Ковачевски, уставните измени се обврска на секоја политичка партија која е за зачленување на нашата држава во ЕУ.

Премиерот ја повика ВМРО-ДПМНЕ да седне и да размисли како ќе дејствува.

Можете да прочитате

ССМ ја реализираше втората етапа од блокадите, од работодавачите побараа зголемување на платите

Манасиевски: 4 адвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор

72-годишна жена паднала од автобус, па била прегазена