Никола Јокиќ, актуелниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот, се истакна во победата на Денвер Нагетс во Вашингтон (118:104) со 31 поен, 12 скока и седум асистенции и со тоа го симна од врвот Лука Дончиќ, кој досега ја предводеше лигата во натпревари со учинок 30 /10/5 во најважните категории.
Јокиќ на тој начин ја направи најдобрата увертира за спектаклите што следат, натпревари против ривалите за титулата најкорисен играч во НБА. Јокиќ го очекуваат натпревари против Јанис Адетокумбо и Џоел Ембиид и тоа на домашен терен.
Но, Јокиќ неочекувано имаше буквално домашна атмосфера во главниот град на Америка. Како изненадување за една од најголемите ѕвезди, НБА организираше Вечер на српската култура во Вашингтон.
Тамошниот српски културен центар подготви богата културно-уметничка програма на воодушевување на бројните локални Срби, кои дојдоа во салата да го поздрават националниот спортски херој.
Попатно тие играа српско оро кое на теренот пред натпреварот и на полувремето го изведе фолклорна група чии членови беа облечени во традиционални српски носии, а вокалената солистка пееше „Ова е Србија“.
Сето тоа го воодушеви Јокиќ, кој по одличната игра призна дека не знаел што ќе го чека во Вашингтон.
„Не го очекував ова, но мило ми е. Имаше многу српски знамиња насекаде се зборуваше на српски. Да среќен сум“.
Многумина Срби на трибините се радуваа и кога Јокиќ по натпреварот дојде да ги поздрави во друштво на Марко Ѓуриќ, амбасадорот на Србија во САД, кој носеше големо српско знаме.
Nikola Jokic ended the night by greeting a giant group of Serbian fans in D.C. There were also a number of Serbian/Montenegrin diplomats to greet him as well. And a ton of security. pic.twitter.com/xmsNfckzDR
— Mike Singer (@msinger) March 23, 2023