Утрински Весник
Политички Партии

Демократски сојуз: Стејт Департментот алармира за корупција на владата, а СДСМ го саботира предлог-законот за борба против висока корупција

Демократски сојуз: Стејт Департментот алармира за корупција на владата, а СДСМ го саботира предлог-законот за борба против висока корупција
Dik 300x250 mk

Стејт Департментот на САД во својот најнов извештај за човековите права во Македонија меѓу другото предупредува на корупцијата во која е вклучена Владата, судиите, затворските службеници и други функционери кои ја злоупотребуваат службената положба, се вели во соопштението од Демократски сојуз.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека анализата покажува дека во Македонија и натаму се зголемува корупцијата, дека отсуствува ефикасна и неселективна борба против организираниот криминал, пред се поради високата партизација и политизација на државните институции задолжени за откривање, гонење и пресудување.

Демократскиот сојуз до Собранието достави Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој се предвидува формирање независна Агенција за борба против корупцијата. Меѓутоа, според информациите, пратеничката група на СДСМ добила насоки од раководството на партијата прво да се развлекува ставањето на овој закон на дневен ред, а доколку се стави, да го отстранат од дневен ред со што ќе спречат во парламентот да се отвори расправа.

Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да го поддржат овој законски проект со што ќе се отвори „војна против криминалот“ и ќе започне искоренување на високата корупција која ги кочи евроинтеграцииите и ги разорува државните институции, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт