Артан Груби безочно ја излажа јавноста. Тој кажа дека министерството кое го управува не исплатило средства на компанијата на неговиот брат, а вистината е дека министерот Артан Груби директно плаќал на сметка на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби. Народот вели дека тој што лаже, тој и краде. Ова не е единствена исплата на народни пари на име на ЕТЦ Травел. И Владата во периодот од 2020/21 година исплатила над 1 милион денари на туристичката агенција на Груби, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потсетуваат дека оваа туристичка агенција на Груби беше дел од скандалот со деловниот простор во центарот на градот кој го купиле по цена од багателни 700 евра за квадрат. И во овој случај, како и во случајот со директната исплата на средства од Груби за Груби, постои основан сомнеж за злоупотреба на позицијата.
Колку повеќе афери и криминали се поврзуваат со Артан Груби, толку тој стана многу понервозен. Затоа Груби со груби лаги сака да се вади, ама уште повеќе се заплеткува. Скандалозниот тендер за надзор на изградбата на автопатите од 22 милиони евра, сомнителната продажба на хотел на Попова Шапка, фирмата за баждарење и уште многу скандали се поврзуваат со Груби. Јавното обвинителство треба час поскоро да се позанимава со овие случаи, а доколку ги забошотува, тогаш и самите тие стануваат негови соучесници, се вели во соопштението.