Утрински Весник
Спорт

Роналдо: Поминав низ тежок период, но дознав кој е на моја страна

Роналдо: Поминав низ тежок период, но дознав кој е на моја страна

Португалскиот капитен, Кристијано Роналдо признава дека поминал низ најтешкиот период во кариерата при враќањето во Манчестер јунајтед, но вели дека било добро да се види кој е на „негова страна“.

dobivaj vesti na viber

Роналдо се најде во конфликт со новиот менаџер на Јунајтед, Ерик Тен Хаг од почетокот на сезоната 2022/23, со само 10 настапи, од кои четири како стартер, по што во експлозивно интервју кај Пирс Морган влезе во напад на Тен Хаг, соиграчите и управата на клубот. По ова, тој се договори за раскин на договорот, за да потпише рекорден договор со саудискиот Ал-Наср до 2025 година.

„Понекогаш мора да поминеш низ некои работи за да видиш кој е на твоја страна. Во тешките периоди, најдобро се гледа кој е од твоја страна. Немам проблем да кажам дека имав лош период во кариерата, но нема време за каење. Животот продолжува и без разлика на сите работи, тоа беше дел од мојот раст како човек. Кога си на врвот на планината, честпати не гледаш што е долу. Сега сум далеку поподготвен и научив важни работи, бидејќи никогаш досега не сум поминал месеци како последните. Сега сум подобар човек“, вели Роналдо.

По спориот старт во Ал-Наср, Роналдо има 9 гола во 8 настапи за клубот, а сега ќе се обиде да ги подобри своите рекорди за португалската репрезентација во мечевите со Лихтенштајн и Луксембург.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност