Утрински Весник
Македонија

По два пропаднати огласи, сега има пријавени приватни превозници за вршење јавен превоз

Град Скопје: Утре ќе се објави јавниот повик за приватните превозници, „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат
Ss2

По два пропаднати огласи за приватни превозници во Град Скопје, овојпат, има пријавени. Ова го потврди и скопската градоначалничка Данела Арсовска. Таа не кажа број на пријавени, туку посочи дека ќе чекаат до истек на рокот за да видат колку вкупно апликации ќе има.

dobivaj vesti na viber

„Да, тие се пријавија. Ќе го причекаме и последниот рок кој е позитивна пракса, за да пристигнат ако има по пошта некои дополнителни апликации и согласно истото од наредната недела, комисијата треба да има одлука“, кажа Арсовска.

Ss1

Посочи дека добредојдени да вршат јавен превоз со приватни автобуси, се сите превозници кои имаат чесни намери и ќе работат во прилог на граѓаните.

„Она кое верувам дека самите успеавте да видите во јавноста, дека ги повикавме сите кои сакаат чесно и одговорно да ја вршат оваа дејност, да се пријават на овој оглас со новото координативно тело на превозниците. Тие имаат чесни намери, навистина се заинтересирани да продолжат да работат, да работат како што се бара, да биде во интерес на граѓаните и да биде овозможена најдобрата можна услуга. Второ разговаравме за адаптирање и прилагодување кон стандардите важни за граѓаните за подобрување на состојбите во животната средина (за обновување на возниот парк)“, додаде Арсовска.

На почетокот на март, приватните превозници кажаа дека се враќаат на работа од идниот месец. Долгот кој ЈСП го има кон нив се става на страна и ќе се решава тековно.

Ss1

Можете да прочитате

Промовирана новата генерација полициски службеници

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

Драмски театар ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар текст од млад автор