Утрински Весник
Свет

„Не снабдувајте ја Русија со оружје“- НАТО ја предупреди Кина

Столтенберг: Русија знае дека не може да се добие нуклеарна војна
Dik 300x250 mk

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја предупреди Кина да не ја снабдува Русија со смртоносно оружје, откако лидерите на двете земји се сретнаа во Москва.

dobivaj vesti na viber

„Не видовме докази дека Кина и’ доставува смртоносно оружје на Русија, но видовме некои знаци дека тоа го бара Москва и оти е прашање што го разгледуваат кинеските власти во Пекинг. Кина не треба да и’ дава смртоносна помош на Русија, тоа би значело поддршка на нелегална војна“, рече Столтенберг.

Секретарот на Алијансата посочи дека НАТО не смета дека е можно сега да има значаен дијалог со Русија и додаде дека не гледа можност за такви контакти додека трае војната во Украина.

„Советот Русија-НАТО беше важна алатка за обидите на алијансата да воспостави нормален дијалог со Русија“, рече Столтенберг и истакна дека во сегашните услови не е можно да се користи овој механизам.

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера допатува во тридневна посета на рускиот колега Владимир Путин и изјави дека стратешкиот избор на Пекинг е зајакнување и развој на односите со Москва.

Тој нагласи дека страните темелно размениле мислења за украинското прашање.

Кси истакна дека, историски, конфликтите секогаш се решавале преку дијалог и преговори.

Тој потсети дека Кина неодамна објави документ со став во кој се повикува на политичко решение на украинската криза, напуштање на менталитетот на Студената војна и еднострани санкции.

Си Џинпинг истакна дека колку повеќе тешкотии и противречности има, толку е поважно да се остави простор за мир и дијалог.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот