Утрински Весник
Свет

Поради минатогодишните поплави, во Пакистан 10 милиони луѓе сѐ уште немаат вода за пиење

Поради минатогодишните поплави, во Пакистан 10 милиони луѓе сѐ уште немаат вода за пиење

УНИЦЕФ предупреди дека по големите поплави во Пакистан, 10 милиони луѓе, вклучувајќи и деца, сè уште живеат во области без пристап до безбедна вода за пиење.

dobivaj vesti na viber

Во поплавите, кои експертите делумно ги припишуваат на климатските промени, животот го загубија 1.739 луѓе, меѓу кои 647 деца и 353 жени.

УНИЦЕФ наведува дека дури и пред поплавите во јуни минатата година, само 36 отсто од водата од пакистанскиот Водовод била безбедна за користење.

Поплавите оштетија голем дел од водоснабдувањето во погодените подрачја. Затоа сега повеќе од 5,4 милиони луѓе, вклучувајќи и 2,5 милиони деца, се потпираат исклучиво на вода од бари и бунари, соопшти УНИЦЕФ.

„Безбедната вода за пиење не е привилегија, тоа е основно човеково право“, рече Абдула Фадил, претставник на УНИЦЕФ во Пакистан.

Поради ова, наведе тој, милиони деца се изложени на ризик од здравствени проблеми, а страдаат и од неисхранетост.

 

Можете да прочитате

Ако останете без гориво или струја на автопат во Германија, ве чека голема казна

Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп