Утрински Весник
Македонија

Муцунски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром: Да изградиме општество во кое ќе ги надминеме стигмата и дискриминацијата

Муцунски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром: Да изградиме општество во кое ќе ги надминеме стигмата и дискриминацијата

​Општина Аеродром денес ги одбележа првиот ден на пролетта, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и Денот на поезијата. Градоначалникот Тимчо Муцунски утрово го посети основното училиште „Александар Македонски“ и присуствуваше на настан на кој заедно со учениците преку интересни и креативни активности, организирани во училишниот двор, му посака добредојде на новото годишно време и испрати пораки по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

dobivaj vesti na viber

„Да спортуваме, да се грижиме за природата и да се почитуваме“, порача градоначалникот Муцунски, при што потенцира дека Општина Аеродром и понатаму ќе работи на создавање подобри услови за лицата со попреченост подигнувајќи ја инклузивноста и создавајќи институции што ќе бидат достапни и отворени за сите.

„Заедно неопходно е да продолжуваме да градиме општество во кое ги надминуваме стигмата и дискриминацијата“, истакна тој при денешната посета на училиштето. „Со нас, не за нас“ е пораката со која светот го одбележува денешниот ден, а Аеродром преку овие активности испраќа порака дека лицата со попречености се неизоставен дел од нас, нашата општина и нашата заедница.

Можете да прочитате

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон економски и институционален колапс

40 степени измерени во Скопје во 14 часот (ФОТО)

За 8 часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл