Утрински Весник
Спорт

Гризман му се налути на Дешам, размислува да се збогува со Франција

Гризман му се налути на Дешам, размислува да се збогува со Франција
Dik 300x250 mk

Антоан Гризман серизно размислува да ја напушти репрезентацијата на Франција. Напаѓачот на Атлетико Мадрид бил лут од одлуката на селекторот Дидие Дешам, капитенската лента, по повлекувањето на Иго Љорис, да му ја додели на Килијан Мбапе.

dobivaj vesti na viber

Гризман, заедно со Оливие Жиру е најискусниот во овој состав на Франција. Според медиумите верувал дека Дешам ќе му ја предаде капитенската лента, што бил негов долгогодишен сон.

Некои француски медиуми објавија дека Гризман лут го напуштил репрезентативниот собир кога Дешам ја соопштил својата одлука.

Наводно Гризман сериозно размислува натпреварите против Холандија и Ирска да му бидат последни во дресот на Франција бидејќи е повреден од потегот на селекторот и не сака повеќе да биде дел екипата која не го почитува доволно.

Гризман дебитираше за Франција на почетокот на 2014 година и успеа да забележи 117 настапи и да постигне 42 гола.

Гризман и Мбапе се единствените играчи на Франција што ги одиграа сите натпревари на последните две Светски првенства. Фрнација о 2018 ја освои титулата, а во 2022 заврши на второто место.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата