Утрински Весник
Македонија

Започна субвенционирањето за купување велосипеди и електрични тротинети

Повреден возач на електричен тротинет, откако возило удрило во него

Со вкупен фонд од 700.000 денари кои ги обезбеди од својот буџет, Општина Карпош од денеска ја започна акцијата за субвенционирање при купување на нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед.

dobivaj vesti na viber

Локалната самоуправа, како што наведуваат од таму, ќе субвенционира до 30% од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ, најмногу до 3.000 денари, како и купување на електричен тротинет и електричен велосипед со субвенционирање до 30% од цената, односно најмногу до 5.000 денари.

„Во овој случај, право на субвенционирање во оваа акција ќе има секој полнолетен жител на општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед или електричен тротинет и електричен велосипед започнувајќи од вторник (21.03.2023) година. Оваа акција ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, при што ќе важи принципот “прв дојден, прв услужен“.

Во рамки на процедурата, апликантите за субвенции треба да ги достават следниве документи:

– Барање за субвенција за купување на нов велосипед или електрични тротинети и велосипеди,

– Изјава за согласност за обработка на лични податоци,

– Лична карта (фотокопија),

– Трансакциска сметка (фотокопија),

– Фискална сметка за купен велосипед или електричен велосипед и тротинет, кој е купен не порано од 21.03.2023 година (Вторник)“, се посочува во соопштението.

Ги известуваат жителите на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција и добиле средства од Град Скопје за тековната година, дека немаат право да учествуваат по огласот. Инаку, граѓаните можат да аплицираат за субвенции преку писмен и електронски пат.

По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед. Правото на субвенција е еднократно, информираат од општината.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег