Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мерките за намалување на цените даваат резултат

Ужас во Германија: Полна количка падна врз бебе во продавница, по што почина во болница
Dik 300x250 mk

Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики. Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултатит, цените се намалуваат, се зголемува опсегот на производите опфатени со мерките за замрзнување на цените, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Прв на листата за замрзнување на цената, беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари. Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти. Владата денеска треба да ја замрзне на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март.

СДСМ нема да дозволи некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено ги погодува сите. Истовремено минималната плата е покачена на 20.175 денари, пензиите забележаа рекордно зголемување за 8,4 отсто, континуирано расте и просечната плата која се искачи на 34.364 денари.

Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните“ се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија