Утрински Весник
Економија

Лукаревска: Од мај поврат на ДДВ од 2.100 денари-Пратениците дадоа зелено светло

Се зголемува сумата на повратот на „Мој ДДВ“, одлучи Владата

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

dobivaj vesti na viber

Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.

„Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣ година“, потенцира во напишаното Лукаревска.

Можете да прочитате

Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра, вториот ребаланс е доказ за економскиот неуспех на власта

УЈП: Транспарентно за исполнување на даночните обврски

Народната банка: За клиентите на „АЛТА банка” АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство, од утре се отвора експозитурата во Скопје