Утрински Весник
Свет

Русија отвори кривична постапка против обвинителите и судиите на Хашкиот трибунал

Протече нацрт планот на Путин: акцентот е ставен на семејството, државата и народот
Ss2

Истражниот комитет на Русија соопшти дека отворил кривична постапка против обвинителите и судиите во Меѓународниот кривичен суд (МКС) кои во петокот издадоа налог за апсење на претседателот Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.

dobivaj vesti na viber

Комитетот, кој е одговорен за истрага на сериозни злосторства, рече дека нема основа за кривично да одговара рускиот претседател Путин и дека шефовите на држави уживаат апсолутен имунитет од странска јурисдикција.

Ss1

Постапките на обвинителите на МКС покажуваат знаци на кривично дело според рускиот закон, рече Комитетот, истакнувајќи дека станува збор за свесно обвинување на невино лице за кривично дело и „подготвување напад врз претставник на странска држава, кој ужива меѓународна заштита,  со цел да се комплицираат меѓународните односи“.

Потегот на Русија е симболичен гест на пркос како одговор на налогот за апсење на Путин, кој ги обвини него и комесарот за правата на децата за воено злосторство за депортирање деца од Украина во Русија.

Кремљ ја нарече одлуката на МКС срамота, но правно неважечка, бидејќи Русија не е потписник на договорот со кој беше основан МКС.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56