Утрински Весник
Свет

Кинескиот претседател денес пристигнува во важна посета на Москва

Кинескиот лидер доаѓа во Русија на покана на Путин

Kинескиот лидер Си Џинпинг ќе допатува во тридневна посета на Москва.

dobivaj vesti na viber

Тој на неодамнешниот Секинески конгрес потврди дека на новите претседателски избори го надминал иконскиот Мао Це Тунг.

Си Џинпинг, според најавата на руските агенции, ќе пристигне кај рускиот претседател Владимир Путин денеска, кога најпрвин ќе има неформална средба за време на вечерата, разговорите ќе започнат утре, а во среда ќе ја напушти земјата.

Според руските медиуми, Си Џинпинг и Путин ќе се состанат на конструктивни сеопфатни разговори кои треба да ги потврдат и, како што посочува руската новинска агенција „Риа Новости“, да го зајакнат руско-кинеското пријателство и партнерство.

Нагласено е дека за време на посетата ќе бидат потпишани голем број важни меѓудржавни билатерални договори.

Кинескиот амбасадор во Москва, Џанг Ханхуи, во интервју за Риа Новости изјави дека Русија и Кина ќе бидат рамо до рамо во борбата за постигнување мултиполарен свет и ставање крај на доминацијата на едната страна (се мисли на САД).

Посетата доаѓа во важен момент кога Кина сè повеќе презема политичка иницијатива на глобалната сцена.

 

Можете да прочитате

Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка изнесува над 500 милијарди долари

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година