Утрински Весник
Спорт

Далиќ го продолжи договорот

Далиќ го продолжи договорот
Dik 300x250 mk

Хрватскиот селектор Златко Далиќ го продолжи договорот со Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС). Ќе биде селектор до крајот на Светското првенство во 2026 година.

dobivaj vesti na viber

„Неколку пати истакнав дека оваа работа е најголемата чест и најголемото задоволство што можам да го имам како тренер и искрено се радувам на иднината со хрватската репрезентација“, изјави Далиќ, пренесува агенцијата Хина.

„Без разлика што веќе постигнавме прекрасни успеси, имам голема страст и амбиција да продолжам да работам со Хрватска и верувам дека има уште многу големи предизвици пред нас“, рече Далиќ во соопштението на ХНС.

Златко Далиќ седна на клупата на хрватската репрезентација во октомври 2017 година, кога отказ доби Анта Чачиќ. Успешно ја водеше репрезентацијата преку дополнителни квалификации за Светското првенство во Русија во 2018 година, каде Хрватска потоа стигна до финалето.

Под негово водство, Хрватска лани се пласираше на завршниот турнир од Лигата на нации, а на Светското првенство во Катар освои уште еден медал со победата над Мароко во мечот за бронзениот медал.

Далиќ ја предводеше Хрватска на Европското првенство во 2021 година, каде таа селекција беше запрена во осминафиналето од Шпанија.

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување