Утрински Весник
Економија

(Видео) Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат

(Видео) Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат
300x250 (7)

СДСМ и во време на криза се грижи за стандардот на граѓаните. Од овој месец минималната плата се зголемува на 20.175 денари, односно за над 2.000 денари повеќе во однос на досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари. Исто така од овој месец рекордно ги зголемуваме пензиите, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека согласно новата методологија пензиите од месец март се зголемуваат за 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија се зголемува за околу 1.500 денари.

Ss1

Истовремено, Владата предводена од СДСМ донесе одлука за замрзнување, односно намалување на цените на дел од прехранбените производи,рече Каевски.

Каевски додава дека цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари. Од пред некој ден намалени се цените на тестенините за 15 отсто, а цените на млекото и млечните производи се намалени за 10 отсто. Сето тоа значи допоплнителна заштеда во семејните буџети.

Во периодов се прават анализи за намалување на цените на други основни продукти како јајцата, шеќерот, овошјето и зеленчукот.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат стандардот на граѓаните, грижата за сите продолжува, изјави Каевски.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз