Утрински Весник
Македонија

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ од затвор е пренесен во болница

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ од затвор е пренесен во болница

Марјан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска е пренесен во болница, дознава „Макфакс“. Откако била повикана Брза помош, која констатирала дека состојбата не може да се санира на лице место, посочиле дека Стаменковски треба да биде однесен во болница. Директорот на затвор „Скопје“, Филип Андов, за „Макфакс“ посочува дека Стаменковски е однесен во Клинички центар „Мајка Тереза“.

dobivaj vesti na viber

„Откако притвореникот се пожалил на тегоби, согласно протоколот, од затворот била повикана Брза помош. Повеќе информации не можам да споделам во моментов“, посочува Андов.

Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Тој се гони дека сторил две дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци. Против него е поднесено обвинение и му се суди. Истовремено, Обвинителството отвори уште една постапка во која испитува и можно сторување на нови кривични дела од страна на Стаменковски.

Досега се одржаа и неколку рочишта, на кои, Марјан Стаменковски се сретна со жртвите односно оштетените во процесот, кои биле негов таргет. Не призна вина и реши да се брани и да докажува дека не сторил ништо незаконски. Новинарките Валентина Вурмо и Ирена Мулачки и јавно по сведочењето во судница кажаа дека очекуваат правда, но и да се најдат нарачателите на текстовите кои осамнуваа на порталот „ДоказМ“.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија