Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Лацио, Лукас Леива имаше емотивно збогување од професионалниот фудбал откако мораше да се пензионира поради проблеми со срцето.
36-годишниот Лукас се повлече од тренинзите со Гремио пред стартот на сезона во декември за да оди на медицински тестови, по што сега призна дека мора да стави крј на кариерата.
„Прво сакам да се заблагодарам на Гремио за целата поддршка овие три месеци. Денеска, за жал, ја објавувам мојата фудбалска пензија. Ова беше тежок период за мене. Мислам дека е првпат да плачам во животот. Но, можам само да ви се заблагодарам. Завршувам каде што сакам, но не на начинот на кој сакав. На крајот, здравјето е на прво место“, изјави Лукас.
Лукас ја освои Лига куп титулата со Ливерпул и Копа Италија со Лацио додека играше во Европа, а имаше и 24 настапи за бразилската репрезентација.