Утрински Весник
Магазин

За Џереми Ренер, глумата повеќе не му е приоритет во животот

За Џереми Ренер, глумата повеќе не му е приоритет во животот
Dik 300x250 mk

Актерот од „Одмаздници“ (52), кому на Нова година плуг за снег му ги згмечи градите и нозете додека се обидувал да спречи плугот да удри во внук му, сега има друга перспектива во однос на кариерата.

dobivaj vesti na viber

За малку фаталната несреќа целосно му го смени фокусот и сега сака да помага во менување на светот, пренесува извор близок со актерот.

„Тој е многу горд на досегашната работа што ја направи, но целата оваа ситуација му покажа дека има многу повеќе што може да стори за да им помогне на другите.“

Изворот открива дека мајката на Џереми, Валери (69), му дава огромна поддршка откога искрши повеќе од 30 коски во несреќата.

„Мајка му доаѓа кај него повеќето викенди, исто и ќерка му Ава (од бракот со поранешната сопруга Сони Почеко).

„Тој е фокусиран на своето закрепнување и секојдневно прави вежби за да научи повторно да оди. Џереми е свесен дека имал многу среќа што останал жив“.

„Секој ден е подобар од претходниот и, дефинитивно, напредува, но бавно“.

Можете да прочитате

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка