Некои луѓе изневеруваат дури и кога се заљубени.
„Постојат многу психолошки причини зошто некој сака да изневерува, но најдоброто објаснување е она што го употреби Бил Клинтон кога ја објасни својата афера со Моника Левински. Рече дека го направил тоа – затоа што можел”, објаснува доктор Сузан Еделман, психијатар, во интервју за „Елит дејли“.
Таа објаснува дека луѓето кои редовно мамат, без разлика колку го сакаат партнерот, најверојатно имаат проблеми од детството поради кои се чувствуваат недостојни за љубов и се плашат од интимност.
Поради тоа избегнуваат да бидат вистински интимни со партнерот. Друго можно објаснување, тврди таа, е дека тие можеби имаат проблеми со сексуална зависност или нарцисоидни или социопатски карактерни особини.
Докторката нагласува дека е важно луѓето кои сфаќаат дека имаат проблем со сериското мамење да побараат помош. „Започнете со тоа што ќе бидете искрени со себе и ќе признаете дека имате проблем. Во спротивно, најверојатно ќе повредите многу луѓе во тој процес и ќе ја нарушите вашата самодоверба“, вели Еделман.
Има совети и за оние кои веќе изневерувале, но имаат грижа на совеста и не сакаат тоа да им стане навика.
„Ако не планирате да ви стане навика, поштедувањето на партнерот од болка може да биде најдобриот начин доколку навистина сакате да останете со него,“ вели психијатарот. „Но, ако се посомневаат и ве прашаат дали мамите, не ги влошувајте вашите проблеми со лажење,“ советува таа.