Утрински Весник
Спорт

Навивач на Сиваспор му го скрши носот на играч на Фиорентина

Навивач на Сиваспор му го скрши носот на играч на Фиорентина

Огромен инцидент се случи на мечот од Конференциската лига на УЕФА меѓу Сиваспор и Фиорентина (1:4). Италијанскиот тим убедливо се пласираше во следната рунда, а навивачите на Сиваспор не можеа лесно да ја прифатат реалноста.

dobivaj vesti na viber

Пред крајот на натпреварот, неколку фанови влетаа на теренот, физички го нападнаа гостинскиот играч Алесандро Бјанко и му го скршија носот.

Тој го доигра мечот, но потоа лекарскиот тим на Фиорентина објави дека Бјанко има скршеница на носната коска.

Овој инцидент сигурно ќе донесе и жестока казна за турскиот клуб Сиваспор.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига