Поранешен шпион на КГБ, кој студирал заедно со Владимир Путин, тврди дека на клучните настани се појавува двојник на рускиот претседател.
Тврдењето дојде откако се појави видеото на рускиот претседател во фабрика за хеликоптери во Сибир.
На видеото се гледа како Путин гестикулира и постојано го допира носот, однесување кое не е типично за рускиот претседател, пренесува Мирор.
Сергеј Жирнов, поранешен колега на Путин, претходно ги отфрли гласините дека рускиот претседател користел двојници, но сега се предомислил.
Тој го спореди со официјалниот говор на 21 февруари.
„Во овој случај, сосема поинаков Путин се појавува со пошироко лице како да отекол за 24 часа“, изјави тој за украинската телевизија.
Тој додаде дека Путин има „сосема поинаква форма на очните дупки, сосема поинаква глава, апсолутно различни брчки и различен глас“.
„Далеку од тоа што ги избегнуваше луѓето, веројатно поради Ковид, тој речиси се бакнуваше и гушкаше со сите на друг настан“, рече Жирнов, сега протеран во Франција, кој му беше соученик на Путин во Институтот „Црвено знаме“ на КГБ, шпионска академија.
За време на појавувањето во Улан-Уде, по петчасовен лет од Москва, Жиринов тврдеше дека двојникот на Путин зборувал во фабриката за авијација.
Vladimir Putin held a meeting with employees of the aviation plant in Ulan-Ude. These videos of him there have English captions. pic.twitter.com/oMWz5VsmX0
— GraphicW (@GraphicW5) March 15, 2023
„Човекот кој личеше на претседателот покажа непромисленост и покажа емоции невообичаени за Владимир Путин. Изразите на лицето и прекумерното мавтање со рацете речиси половина час предизвикаа збунетост“, се наведува во објавата на каналот Телеграм.
Putin visited today a helicopter factory in Ulan-Ude: “We have multiplied our economic sovereignty. After all, what was our enemy counting on? That we would loose?” pic.twitter.com/cHO8JP8x9d
— AlexandruC4 (@AlexandruC4) March 14, 2023
Телеграм додава дека „Путин обично не мавта со рацете како да диригира со оркестар“.
„Диригентските способности на Владимир Путин досега не беа забележани, но завчера неговиот двојник толку многу мавташе со рацете што можеше да се помисли дека е обожавател“.
Засега Кремљ не ги коментира овие гласини.
Путин пред три години призна дека официјалните лица размислувале да користат двојник, но тврдеше дека идејата била отфрлена.
Тој рече дека идејата се родила на почетокот на 2000-тите кога Русија била погодена од терористички напади,пренесе Телеграф.рс.