Утрински Весник
Свет

Политичка криза во Франција: Макрон се заканува со распуштање на Собранието

Политичка криза во Франција: Макрон се заканува со распуштање на Собранието
Img 5587

Франција е работ на голема политичка криза. Претходната ноќ, претседателот Емануел Макрон на кризна средба со пратениците се закани дека ќе го распушти собранието, доколку не се соберат доволен број гласови за пензиската реформа, за која се очекуваше собранието да ја донесе конечната пресуда до крајот на денот.

dobivaj vesti na viber

Собирањето мнозинство е тешко, а во текот на утрото имаше калкулации дека се се врти околу разлика од два до пет гласа. Макрон одржа нов кризен состанок во Елисејската палата со премиерката Елизабет Борн и соработниците.

Ss1

Во случај да не се собере мнозинство, на власта им е на располагање фамозниот член 49.3 од Уставот, кој им овозможува да прогласуваат закони без гласање, но со можност за гласање недоверба на владата. Таквата опција би била крајно непопуларна во овој момент и само би го зголемила гневот на улиците.

„Тоа би било принуден премин, иако тој член е во Уставот, тоа за нас би претставувало непочитување на демократијата“, рече синдикалниот лидер Филип Мартинез пред собранието.

Тој нагласи дека доколку се донесе законот, а особено ако е преку член 49.3, бунтот ќе продолжи. Тој рече и дека има притисоци.

„И еден пратеник ми кажа дека има гласови што се купуваат. Ова е тежок знак за демократијата. Многу сум загрижен за ова задно тргување“, изјави Мартинез.

Ss1

Можете да прочитате

Гутереш: Израелската офанзива во Рафа би била неподнослива ескалација на ситуацијата

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето