Утрински Весник
Магазин

Истражување: Пол Рад прв на листата икони на машка убавина

Истражување: Пол Рад прв на листата икони на машка убавина

Нова повеќестрана и поинклузивна форма на мажественост се стреми да ги разбие многуте предрасуди околу мажественоста.

dobivaj vesti na viber

Промените полека, но сигурно се во тек со индустријата на модата и убавината, поттикнати од иконите кои помагаат во поместување на границите. Ова е случајот на Пол Рад и Хари Стајлс, кои станаа најпопуларни светски икони на машка убавина, поточно, извори на инспирација кога станува збор за нега на машка кожа.

Тие се два различни мажи со два различни стила од две различни генерации, но и двајцата ги одразуваат промените што се случуваат во индустријата за убавина во последно време.

Ова се наодите на истражувањето што го спроведоа експерти за нега на машка кожа од Humanery. Најмалку 100 славни мажи беа проучувани преку анализа на податоци на „Гугл“за да се утврди кои од нив најмногу влијаат на рутините за машка убавина, и кои влегуваат во категоријата ‘скинфлуенсери’ од светска класа.

Пол Рад, моментно најмоќниот инфлуенсер за нега на машка кожа, го глумеше Мајк во серијата „Пријатели“, и многумина често го прашуваат која е тајната на неговиот младешки изглед.

Оние кои го паметат од серијата може да забележат дека актерот речиси не се променил во последните 20 години што се однесува до изгледот. Тој неодамна изјави дека изгледа добро бидејќи спие минимум осум часа дневно.

„Луѓето ќе го наместат алармот, ќе спијат четири часа и ќе станат да тренираат. Тие си прават лоша услуга. Ако успеете да спиете осум часа, сте направиле сè, “ изјави 53-годишникот, кого магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж во 2021 година.

Пол е највлијателниот ифлуенсер за нега на кожата или скинфлуенсер. Неодамна дојде уште една потврда дека тој посветува многу внимание на својот изглед и здравјето на кожата. Според порталот „Премиум бјути њуз, е-трговија на козметички производи за нега на машка кожа Humanery истражувале кој е најголем скинфлуенсер користејќи анализа на податоци на „Гугл“.

Титулата му припадна на Пол Рад, кој следниот месец ќе наполни 54 години.

Покрај него е Хари Стајлс, 29-годишен пејач. Пол, кој е речиси 25 години постар од Хари, ги следи трендовите за нега на кожата. Истражувањето се заснова на медиумски написи во кои се спомнуваат славни мажи кои „пркосат на возраста“.

Имињата на ваквите личности потоа биле анализирани во планер за клучни зборови на „Гугл“ за да се утврди чие име најмногу се бара со терминот „нега на кожата“. Во изминатата година, заклучно со февруари 2023 година, имало 8.400 пребарувања за нега на кожата на Пол. Хари Стајлс има речиси ист број на пребарувања.

На листата се најдоа и Идрис Елба, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо, Џон Леџенд и Бред Пит, со голема разлика во однос на првите двајца мажи.

Заклучокот од ова истражување е дека возраста не е пресудна бидејќи на листата има мажи од различни генерации.

За потсетување, Пол беше прогласен за најсекси маж во 2021 година од страна на магазинот „Пипл“. Тој самиот беше изненаден од таа титула. „Свесен сум дека кога луѓето ќе слушнат дека ќе ме прогласат за најсекси маж на светот, ќе се изненадат“, изјави Руд за магазинот. „Ова не е лажна понизност. Има толку многу луѓе кои треба да го добијат ова пред мене.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста