Утрински Весник
Македонија

Бектеши најави нови намалувања на цени и во април: Оваа криза нема да биде на грб на граѓаните

Бектеши најави нови намалувања на цени и во април: Оваа криза нема да биде на грб на граѓаните
Ss2

Министерот за економија, Крешник Бектеши, откако пазареше со премиерот Димитар Ковачевски, констатираше дека мерките со кои се намалуваат цените се почитуваат. Бектеши најави дека во април ќе следат нови мерки. Додаде и дека: „Мерките ќе ги дефинираме со министерот за финансии и премиерот. Оваа криза нема да биде на грб на граѓаните. Ние ќе се откажеме од давачки, компаниите од профити“. Министерот не ја исклучува можноста и за дополнителни намалувања на цените, а тоа ќе се утврди по нова анализа.

dobivaj vesti na viber

„Предлозите биле точни, направени со сите компании. И денеска уште еднаш се потврдува, дека да, кога се сака, се има простор, за кризата да не биде на грб на граѓаните. Сакам да се заблагодарам на сите инспектори, кои се на терен по цел ден и ноќе, со цел да бидат правични, а да нема штети кај потрошувачите ниту граѓаните. Компаниите не трпат загуби, а придобивка најголема добиваат граѓаните“, кажа Бектеши.

Ss1

Тој додаде дека е убеден дека ќе има компании што и дополнително ќе ги намалат цените, без разлика на мерките.

„Ако самите ги намалуваат, имаме простор да ја зголемиме конкурентност. До крајот на наредната недела ќе подготвиме информација до премиерот со детална анализа на секој производ и согласно тие анализи ќе се дизајнираат новите мерки кои ќе следат во април. Тие ќе бидат насочени кон стопанството, а секако ќе бидат насочени и кон граѓаните односно за тие што имаат најголема потврда и што немаат доволно приходи за справување со кризата“, додаде Бектеши.

Ss1

Можете да прочитате

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

ВМРО ДПМНЕ: Масовна излезност на 8ми мај и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат враќање на Македонија на народот