Утрински Весник
Економија

Проблеми во финансискиот свет, се предвидуваат драматични последици

Проблеми во финансискиот свет, се предвидуваат драматични последици
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По банкротот на американската банка „Силициумска долина“, сè се руши како кула од карти. Акциите на банките во Европа поевтинија и до 25 отсто, многу банки се суспендирани од тргување на берзите, инвеститорите ширум светот се во паника.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на европските берзи, речиси сите акции бележат пад. Според проценката на Си-ен-би-си, вкупниот пад на акциите на банкарскиот сектор во Европа паднал за 6 отсто. Неславен предводник на потенцијалниот „колапс“ на европскиот финансиски систем е швајцарската банка „Кредит Свис“, која на самиот почеток на тргувањето денеска забележа загуба од дури 20 отсто, откако најголемите акционери на банката најавија дека нема веќе да ставаат пари во банката.

Неколку банки покрај „Кредит свис“ („Credit Suisse“) денеска го прекинаа тргувањето со своите акции и други хартии од вредност, со цел да го запрат она што изгледа како страшен пад на берзите. Од друга страна, азиските пазари и тамошните индекси забележаа добри резултати во текот на претходната ноќ, како и Волстрит, каде што по турбулентниот викенд вредноста на банкарските акции закрепна.

Сепак, на американската берза сите фјучерси опасно се приближија до нултата стапка на принос или во поединечни случаи паднаа под нулата. Исто така, акциите на американската берза минатата недела паднаа најмногу од септември минатата година.

Неуспесите на банките во Америка ја намалија цената на нафтата. Барел на европскиот пазар утринава уште поевтини – 79 долари, а вчера цената падна под 80 долари од февруари 2021 година, а не така одамна се искачи на 120.

Американските власти брзаат да ја зајакнат довербата во банкарскиот систем и да спречат кризата да се прелее на други банки.

Можете да прочитате

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка

Николовски: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка