Утрински Весник
Македонија

Борел и Вархеји во посета на Тирана и Скопје, најавени се средби со државниот врв

Борел и Вархеји во посета на Тирана и Скопје, најавени се средби со државниот врв

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, на 15-16 март ќе отпатува за Албанија, а на 16-17 март во Северна Македонија, соопштуваат од Европската унија (ЕУ).

dobivaj vesti na viber

Овие посети, како што се наведува, ќе бидат можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Северна Македонија, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје, јави РСЕ.

Во Албанија, Борел ќе се состане со албанскиот премиер Еди Рама пред да претседава со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија кој ќе се одржи во Тирана на 16-ти март.

Во Македонија, Борел на 16 март ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а потоа ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија кој ќе се одржи во петок на 17 март.

За време на посетата, Борел ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието.

 

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор