Утрински Весник
Спорт

Три италијански екипи изборија четвртфинале во ЛШ

Три италијански екипи изборија четвртфинале во ЛШ
300x250 (7)

Реал Мадрид и Наполи го комплетираа списокот од осум екипи кои ќе се борат за трофејот, во Лигата на шампиони. Меѓу најдобрите осум Италија има три екипи, Англија е застапена со две, а по еден претставник имаат Шпанија, Германија и Португалија.

dobivaj vesti na viber

Покрај овие два тима, претходно пласман во четвртфиналето изборија Интер, Милан, Челзи, Манчестер Сити, Баерн и Бенфика.

Ss1

Четвртфиналните двојки ќе бидат извлечени, во петок, во седиштето на УЕФА во НИон.

Првите натпревари ќе се одиграат на 11 и 12 април, а реваншите се на програмата на 18 и 19 април.

Реал Мадрид ја брани титулата европски првак, а големото финале е закажано за 10 јуни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами