Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски се само успешни во криминалот, живејачката е изгор скапа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и антимакедонската СДС прават „неопходни“ партиски вработувања на блиски од нивната врхушка

Криминалната влада на СДС и Димитар Ковачевски удира врз џебот на граѓаните, инфлацијата вртоглаво расте, а СДС и Ковачевски се фалат со покачување на минималната плата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Живејачката е изгор скапа, а од мерките што ги предлага власта, нема никаков ефект. Во суштина ниту минималната ниту просечната плата не им овозможуваат на граѓаните нормален живот, бидејќи според најновите податоците на ССМ за едно четиричлено семејство потрошувачката кошница изнесува 50.799 денари.

Факт е дека граѓаните живеат се полошо. Секој ден е се поскапо и поскапо и платите едвај им стигнуваат. Инфлацијата е 17,1 процент, што значи дека парите ја губат куповната моќ. Од “успешните“ политики со кои се фали СДС и Ковачевски нема ништо.

СДС и Ковачевски се само успешни во криминалот и бизнис зделките од милионските тендери. СДС и Ковачевски се злото на Македонија и граѓаните. Решението се предвремени парламентарни избори. Потребни се промени!“ се наведува во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт