Утрински Весник
Спорт

Леклер со казна од 10 места на Саудиското ГП!

Леклер со казна од 10 места на Саудиското ГП!
Dik 300x250 mk

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе отслужи казна од 10 места на стартот на Саудиското ГП овој викенд, втората трка од новата сезона, откако неговиот тим повторно мора да ја менува електрониката на нговиот болид.

dobivaj vesti na viber

Леклер не ја заврши првата трка од сезоната во Бахреин поради проблем со електронската контрола, а Ферари потврдија дека тој ја почна таа трка со втор електронски уред за контролаа (ЕЦУ) по проблемите на тренинзите. Ф1 правилата дозволуваат две промени на овој систем во текот на една сезона, така што на Леклер му следува казна поради третата промена.

„Тоа е нешто што не сме го искусиле во минатото и е надевам дека сега го имаме под контрола. Но, за жал, мора да имаме казна во Џеда“, потврди шефот на Ферари, Фред Васер.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони