Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Спасовски да соопшти колкумина со криминално досие имаат полициско одобрение за оружје?

(Видео) Стоилковски: Спасовски да соопшти колкумина со криминално досие имаат полициско одобрение за оружје?

Оливер Спасовски како министер е должен да каже зошто Комисија формирана од него, а водена од Музафер Каришиќ дала одобрение за оружје на Шукри Асани човек со досие од криминалната група Грчец на сега ликвидираниот Жила?, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Спасовски како министер е должен да соопшти колкумина со досиеја од групата на ликвидираниот Жила имаат одобренија за оружје од Комисија на МВР формирана токму од Спасовски? Спасовски и неговиот пулен, началникот на крим полиција, Музафер Каришиќ, мора да соопштат колкумина со крими досиеја од списокот „Безбеден град“ имаат добиено одобрение за оружје? Дали МВР со Комисијата на Каришиќ и Спасовски одобренија за оружје давале само на членовите на групата Грчец или и на другите крими групи во Скопје? И дали списокот со 50-тина криминалци од планот „Безбеден град“, всушност е список за давање на дозволи за оружје? Спасовски да соопшти колкумина во Македонија со криминално досие во полиција имаат полициско одобрение за оружје?“, вели Стоилковски.

Имињата коишто недостасуваат на листата „Безбеден град“, според Стоилковски, се токму Оливер, Музафер, Сашо.

СДС, додава тој, го претвори МВР во подружница на мафијата и издава од пасоши до одобренија за оружје.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим