Вчера во гостиварската населба „Млаки“, полицијата го приведе 25-годишниот З.Б., затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Воедно, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, исто така, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
По документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.