Утрински Весник
Економија

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Диселдорф говореше за искуството од развивањето водороден погон кај возилата

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Диселдорф говореше за искуството од развивањето водороден погон кај возилата

Раководителот на Секторот за истражување и развој во БРАКО, Никола Маркоски, единствен од Северна Македонија и регионот учествуваше на Конференцијата за електрични и батериски системи за непатнички возила и машини, која што се одржа во Диселдорф.

dobivaj vesti na viber

Маркоски ги запозна присутните со предизвиците со кои се соочи тимот на БРАКО при преминот од електрично возило кон возило на водород, како и иновативните инженерски и технички решенија кои беа изнајдени во процесот .

Возилото на БРАКО за одржување хигиена во урбани средини на погон на водород е целосно развиено во БРАКО и единствено такво возило во светот, така што искуството при неговото развивање наиде на интерес кај стручниот форум на конференцијата во Германија.

На конференцијата беше посветено посебно внимание и на новите начини за рециклирање на батериските системи од електричните возила. За разлика од нив, возилата на водород не оставаат електронски отпад, односно загадувањето и потребата од рециклирање кај нив е нула.

Никола Маркоски е магистер по применета физика, кој своето образование го стекнал на светски познатите универзитети во Москва и Минхен, а во БРАКО раководи со тим од седум инженери задолжени за истражување и развој во компанијата, која произведува широка палета, вклучително и високотехнолошки производи.

ПР-текст

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата