Утрински Весник
Спорт

Усик со ултиматум до Фјури: Доста е со глупави игри

Усик со ултиматум до Фјури: Доста е со глупави игри
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот светски шампион во тешка категорија, Олександер Усик му одговори на ривалот Тајсон Фјури по неговите последни барања поставувајќи ултиматум за договарање на мечот за обединување на титулите во тешка категорија.

dobivaj vesti na viber

Усик е носител на ВБА, ИБФ и ВБО појасите во тешка категорија, и е во преговори со Британецот Фјури, носител на ВБЦ титулата подолго време за супер-дуел на „Вембли“ во април. Меѓутоа, преговорите „заглавија“ поради барања во договорите на двете страни. Усик го прифати барањето на Фјури за 70-30 поделба на парите, околку тој вети 1 милион фунти во добротворни цели, но „Џипси кинг“ го одби тој предлог.

На Усик му дојде преку глава и сега порача или да го потпише договорот или да го предаде појасот.

„Престани да кукаш и да бегаш, биди маж. Потпиши се на договорот или предај го појасот“, вели Усик.

Неговиот менаџер, Алекс Красјук, исто така „удри“ по Фјури, велејќи дека го губи кредибилитетот.

„Човекот се обидува да избега. Жал ми е за неговите фанови. Срамота е фајтер да се однесува на таков начин. Не се работи за пари, ниту за бокс, туку за обичен страв“, изјави Красјук.

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи