Утрински Весник
Спорт

Лапорта му понудил на Меси минимална плата

Лапорта му понудил на Меси минимална плата
Dik 300x250 mk

Во ќор сокак се заглавени преговорите на релација ПСЖ-Лионел Меси. Се погласни се шпекулациите дека Аргентинецот ќе го напушти Париз како слободен играч. Доколку се случи тоа прашање е каде ќе ја продолжи кариерата и дали постои шанса да се врати во Барселона.

dobivaj vesti na viber

Барселона сака да го врати Меси, но финансиската ситуација во клубот е лоша. Ла Лига на клубот му наложи дополнително да го намали буџетот за плати.

„Ми беше кажано дека Меси и Барселона разговараат за враќање во јуни. Не знам ништо повеќе за тоа, ниту дали тоа ќе биде можно“, изјави новинарот на „АС“, Хоакин Марото за радиото „Кадена СЕР“.

Според германски „Билд“, Каталонците веќе имаат разработен план за враќање на големата ѕвезда на клубот. Барселона наводно му понудила на Меси двегодишен договор.

Новинарите додаваат дека тој би земал минимална плата, која целосно би одела на неговата сметка. Не е познато како Аргентинецот реагирал на оваа идеја. Сепак, извесно е дека најголемата пречка во разговорите ќе биде финансискиот дел.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата