Утрински Весник
Свет

Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Молдавија

Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Молдавија

Во центарот на главниот град на Молдавија, Кишињев, денеска избија судири меѓу полицијата и учесниците на протестот на опозицијата кои се обидуваат да ја пробијат полициската блокада на приодот кон главниот градски плоштад.

dobivaj vesti na viber

Во колоната, предводена од пратениците од опозициската партија Шор, има илјадници луѓе кои бараат владата да ги плати сметките за парно и струја, како и оставка од претседателката Санду и од кабинетот на министри.

Демонстрантите извикуваа „Долу диктатурата“, како и „Долу претседателката Маја Санду“.

Од минатото лето во Молдавија се одржуваат масовни протести. Демонстрантите ги обвинуваат властите дека не можат да го запрат растот на цените и рекордната инфлација од 30 проценти.

Минатата година ваквите собири во Кишињев завршија со судири со полицијата, која не им дозволи на демонстрантите да влезат во центарот на Кишињев. Во октомври, полицијата го растера шаторскиот камп организиран од демонстрантите меѓу зградата на парламентот и Претседателството.

Молдавската премиерка Наталија Гаврилица поднесе оставка на 10 февруари, само година и пол по нејзиното назначување.

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море