Утрински Весник
Економија

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Нова хаварија во РЕК Битола, кој ќе понесе одговорност за катастрофата?

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Нова хаварија во РЕК Битола, кој ќе понесе одговорност за катастрофата?

Во четвртокот се случила тешка хаварија во РЕК Битола на Блок 3 и истиот е надвор од енергетскиот систем после неполни 40 денови од монтажата на новиот трансформатор, купен неодамна во сомнителна зделка со тешки провизии, се вели во соопштението од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека веќе подолг период предупредуваат за неплански ископ во рудниците во РЕК Битола и јагленот со лош квалитет кој се носи од увоз. Според нив, комбинацијата од овие два типови на јаглен подржана со канцероген мазутот со лош квалитет, како и нестручното раководење со термоелектраната довело до затрупување на котелската постројка со шљака и земја од рудниците на речиси 20 % од котелската постројка што доведе до ‘’плански испад ’’ на Блок 3.

Од партијата го повикаа раководството на РЕК Битола да одговори зошто ја крие оваа тешка хаварија со далекусежни последици за Блокот 3.

 

Можете да прочитате

Славески: Инстант-плаќањата ќе овозможат трансфери за неколку секунди, 24 часа во денот

Над 100 милиони евра за модерни студентски домови низ државата

Критичните минерали стануваат стратешки приоритет, Македонија истражува антимон и планира развој на бакарот