Утрински Весник
Свет

ИПВ: Захарова призна дека има конфликти на врвот на Русија

ИПВ: Захарова призна дека има конфликти на врвот на Русија
Dik 300x250 mk

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова наводно изјавила дека има борби во внатрешниот круг на Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на форумот во саботата за „практичните и технолошките аспекти на информациите и когнитивното војување во современата реалност“ во Москва, Захарова спомена дека и покрај борбите меѓу „елитите на Кремљ“, не може да се повтори сталинистичкиот пристап за воспоставување модерен еквивалент на Советското разузнавачко биро, соопшти Институтот за проучување на војната.

Изјавата на Захарова поддржува неколку долгогодишни оценки на ИПВ за влошување на односите меѓу режимот во Кремљ и динамиката на контролата на информативниот простор.

Изјавата поддржува неколку оценки: дека во Кремљ има внатрешни борби меѓу клучните членови на потесниот круг на Путин; дека Путин во голема мера го отстапил рускиот информативен простор со текот на времето на различни квази-зависни актери и дека Путин очигледно не е во состојба да преземе решавачки чекори за да ја врати контролата врз рускиот информативен простор, пишува ИПВ.

-Не е јасно зошто Захарова – искусна висока портпаролка – отворено би ги признала овие проблеми на јавеност. Захарова можеби директно разговарала за овие проблеми за прв пат за да ги ублажи очекувањата на руските националистички блогери за моменталната способност на Кремљ да се обедини околу единствен наратив или можеби дури и за обединета политика, – заклучуваат тие.

Можете да прочитате

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата беше несреќа или напад

Кина ги повика САД на сериозно почитување на меѓународната забрана за нуклеарни тестирања

Трамп: САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина