Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавена стравична снимка од моментот на верижниот судир во Унгарија – за момент настана хаос

(Видео) Објавена стравична снимка од моментот на верижниот судир во Унгарија – за момент настана хаос

Камерата на камион го снимила моментот кога се случи страшната несреќа во Унгарија, кога се судрија 43 возила.

dobivaj vesti na viber

На видеото се гледа како автомобил претекнува на левата лента и покрај песочната бура која практично придонесе ништо да не може да се гледа на патот. Во еден момент еден  автомобил застанува бидејќи на патот има колона возила која не се движи, но возачот зад него не ја гледа и со голема брзина влетува во автомобилот пред него.

Така се создаде тотален хаос на патот.

Страшната несреќа се случи во саботата попладне на автопатот М1. Во несреќата учествуваа вкупно 43 возила, од кои 19 изгореа.

Во несреќата се повредени десет деца, од кои четири потешко и шест полесно, како и дваесет и девет возрасни лица, од кои десет се тешко повредени, а деветнаесет се полесно повредени.

Едно лице загина, соопшти локалната полиција.

 

Можете да прочитате

Во Русија приведен американски војник, кој бил во приватна посета на земјата

ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио

Пулицеровата награда за новинарство ги добија „Pro Publica“ и Асошиетед прес