Утрински Весник
Македонија

Возете внимателно: Градежни активности на патот Петровец – Катланово

Возете внимателно: Градежни активности на патот Петровец – Катланово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица се уште е затворен за сообраќај, а на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, има градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување, велат од АМСМ.

Поради изведување на градежни работи и на државниот пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот се одвива според времен режим.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија