Утрински Весник
Македонија

„Огнените“ сношти се собраа во Студеничани

„Огнените“ сношти се собраа во Студеничани

Високи функционери на ДУИ во состав од потпретседателот Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу сношти по покана од поранешниот пратеник од областа д-р. Реџеп Мемеди заедно со своите соработници се сретнаа со жители на Студеничани.

dobivaj vesti na viber

Како што информира Меџити, кој е дел од огранокот на ДУИ наречен „огнените“, д-р Мемеди и неговите истомисленици од вчера се приклучиле на „каузата за промени, фер и чесна кауза, која од ден на ден добива се помоќна поддршка“.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник, Изет Меџити во соопштение порача дека „народот се обединува во Студеничани“.

-И кога сме биле политички противници, сме го зачувале општеството, почитта, хуманоста. И кога бевме опоненти, никогаш не ги заборавивме граѓаните на Каршијака, ДУИ и оние кои не не поддржаа, рече Меџити пред присутните.

Меџити од Студеничани апелираше што повеќе чесни луѓе да се приклучат на каузата, за да бидат, како што рече, посилни.

 

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!