Славен Билиќ е во потесниот круг на кандидати за нов тренер на Трабзонспор, тврди локалниот медиум „Фанатик“. Да потсетиме, пред четири дена 54. годишниот хрватски тренер доби отказ од англискиот второлигаш Ватфорд.
Билиќ доби отказ од Вотфорд, бидејќи тимот се наоѓа на деветтотот место во Чемпионшип, а до крајот на сезоната остануваат уште 11 рунди.
Трабзонспор пред 10 дена остана без тренер откако Абдула Авчи си поднесе оставка. Авчи минатата сезона по пауза од 39 години му ја врати на Трабзон шампионската титула.
Додека клубот не најде нов тренер, тимот ќе го води Орхан Ак.
Покрај Билиќ, според „Фанатик“, кандидати за нов тренер на Трабзон се и Серген Јалчин, Чагдас Атан и Фатих Теке.