Ако трговците не ги почитуваат владините одлуки за намалување на цените на тестенините и млечните производи, тогаш ќе следат високи казни, предупреди Државниот пазарен инспекторат.
Премиерот Ковачевски и министерот Бектеши денеска ги соопштија одлуките на Владата за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи.
Одлуките ќе стапат во сила на 16 март.
„ Апелираме да се почитуваат Одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи. Исто така, апелираме, доколку граѓаните забележат било какви неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во Државниот пазарен инспкеторат“ предупредуваат од ДПИ.
Од пазарна додаваат дека инспекторатот ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но дека нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.